Иако актерката Линдзи Лохан своето одење на одвикнување го најавувала преку фотографии на интернет, побегнала од центарот после само една минута мината на тоа место. Одвикнувањето било услов таа да не заврши во затвор, а со оглед на тоа што побегнала, обвинителите од Калифорнија распишале потерница по неа. Нејзиниот татко изјавил дека таа била многу потресена и хистерична кога одела во центарот и дека не сакала да оди со неа.

Последниот ден пред бегството таа го минала пушејќи цигари, бидејќи таткото и објаснил дека во центарот нема пушење, дека собите не се еднокреветни и дека не смее да ја напушта клиниката. Обвинителите и дале рок од 24 часа да се предаде, а доколку не го исполни тој услов ќе биде уапсена и упатена на отслужување затворска казна.