Линдзи Лохан, која неодамна беше пуштена од затвор бидејќи возела пијана и дрогирана, повторно го крши законот. Таа била запрена од полицијата во Лос Анџелес бидејќи не ги почитувала сообраќајните правила.


Поминала покрај знак „стоп“ и не запрела. Полицијата ја пуштила само со предупредување. Проблематичната актерка во затвор помина само 13 дена наместо предвидените 90, а и посетувањето на клиниката за одвикнување го скратила од 90 дена на три седмици.