Линдзи Лохан останала без 150 000 долари кои и ги понудил австрискиот милионер Ричард Лугнер за да му биде придружничка на Виенскиот бал. Имено, Линдзи предолго се задржала во фришопот на аеродромот и откако со два часа доцнење стигнала до авионот веќе не сакале да ја пуштат на летот.


Бритиш Ервејс сепак се понудиле да и излезат во пресрет со услов да плати 22 000 долари заради доцнењето на авионот на кој не се качила. Но, со оглед на тоа дека кредитната картичка немала доволно средства за исплата на таа голема сума, Линдзи сепак немала доволно среќа да се качи. Во последниот момент милионерот за нејзина замена ја повикал германската телевизиска забавувачка Дитер Болен.