Дина Лохан открила дека нејзината ќерка Линдзи од Калифорнија ќе се пресели во Њујорк откако ќе заврши со рехабилитацијата и ја обвинила судијката дека била престрога кон актерката кога и одредила 90 дневна затворска казна.
Вели дека Линдзи многу патела во затворот. Сепак додала дека не го оправдува однесувањето на нејзината ќерка која била осудена поради возење во пијана состојба. Една од причините поради која се селат во Њујорк е и тоа што судскиот систем таму е поразличен од оној во Калифорнија.