Откако наредната седмица ќе излезе од клиниката „Бети Форд“ за одвикнување од зависности, Линдзи Лохан ќе се пресели на некое тајно место бидејќи сака да биде далеку од очите на јавноста. Нејзин пријател изјавил дека актерката има потпора од нејзините роднини и блиски пријатели.


И на нејзиниот татко Мајкл му се допаѓала идејата на актерката да не се врати во својата куќа во западен Холивуд, бидејќи сакал таа да остане на правиот пат за целосно оттргнување од дрогата и алкохолт. Актерката ќе живее со својата мајка и сестрата Али, како и братот Коди, а нејзиниот татко изјавил дека тој и нејзината мајка Дина би морале да останат во добри односи како би и помогнале да се излекува.