Популарната проблематична актерка Линдзи Лохан наскоро ќе биде пуштена од затвор каде е на отслужување на тримесечна казна бидејќи управувала со автомобил во пијана состојба. Штом излезе од зазтвор родителите ќе ја одведат во клиниката за одвикнување во Њупорт Бич во Калифорнија.


Судот и одредил и казна во времетраење од 90 дена кое треба да го помине во клиника за одвикнување од алкохол. Во затворот најмногу ја посетува нејзината поранешна девојка Саманта Ронсон. Таа веќе три пати била во затворот.