По нејзината последна рехабилитација, Линдзи Лохан започна нова кариера: блогер за мода.
Оваа недела Лохан го лансираше својот блог – Lindsaylohan.com. Овој блог содржи цел оддел посветен на стилот, а сето тоа е инспирирано од нејзината љубов кон модата. Во него исто така има уникатни постери од Шанел, листа на парчиња кои мора да ги имате и совети за тоа како да изгледате како неа.
Новиот сајт Лохан го користи за своја промоција, а често објавува вести за нејзиното повторно враќање на музичката сцена.
Откако Лохан излезе од рехабилитација таа повторно се враќа во медиумите но овој пат оди на интервјуа, глуми во филмот “The Canyons” и го креира својот нов блог.