И покрај солзите и проколнувањата, судивката сепак одлучила дека Линдзи Лохан мора да помине три месеци во затвор поради кршење на условната казна. Иако актерката не се надевала на ваков резултат, ќе мора да ја отслужи казната. Таа освен што не одела редовно на судските сослушувања, не одела редовно и на едукацијата за штетноста од алкохолот која морала да ја посетува.


Таа се бранела дека не можела да постигне бидејќи имала пренатрупан распоред и дека морала многу да работи. Судивката сепак ја осудила на три месеци затвор, како и на 90 дена рехабилитација. Меѓутоа поради пренатрупаните женски затвори можно е да биде ослободена по само 22 дена од затворската казна.