Проблематичната американска актерка Линдзи Лохан била осудена на 30 дена затвор, откако признала дека ги прекршила условите на условната казна која ја имала. Како што пренесуваат медиумите, таа има рок до 9 ноември да се предаде на окружниот затвор, како би избегнала служење казна од 270 дена.


Портпаролот на полицијата изјавил дека актерката најверојатно во затвор ќе мине само два до три дена, поради проблемите кои ги има Калифорнија со пренатрупаните затвори. Линдзи Лохан била обвинета дека украла огрлица вредна 2500 долари од продавница за накит во близина на нејзината куќа, а исто така била казнета и во 2007 година поради возење во пијана и дрогирана состојба.