Откако одбивала да извршува општокорисна работа, актерката Линдзи Лохан била притворена и сослушана пред судот во Лос Анџелес. Подоцна таа платила кауција од 100 илјади долари и излегла на условна слобода.
Адвокатот на проблематичната актерка, Стив Хониг, потврдил дека Линдзи, која во јануари оваа година била осудена за кражба на огрлица, платила кауција од 100 илјади долари и дека била пуштена од притвор. По кражбата на огрлицата Линдзи била осудена на три месеци куќан притвор и 500 часа општокорисна работа, која досега ја избегнувала, а ново судење ја очекува на 2 ноември.