Изгледа дека егото на Линдзи Лохан малку се намалило, бидејќи ја одбила понудата на познатото американско реално шоу „Танцувајќи со ѕвездите“, бидејќи не сакала да се појавува во ваков вид емисии. Актерката неколку пати ја одбила продуцентската куќа која стои зад оваа емисија, икој и нудела 550 илјади долари за учество во шоуто.
Сепак таа, и покрај тоа што должи стотици илјади долари за данок, им рекла не, бидејќи како што вели, никогаш не размислувала за појавување во некое реално шоу, бидејќи сака да се занимава само со филм. Сепак, во реализацијата на нејзинте планови постои проблем, бидејќи по фијаското на филмот „Кањони“ во кој играла, самта себе се ставила на листата несакани и непрофитабилни актерки.