Актерката Линдзи Лохан одбила понуда од 200 илјади долари да промовира енергетски пијалок на база на гинсенг на една забава во Дубаи, и за таа работа барала неверојатни половина милион долари. Актерката која неодамна банкротирала и која сега живее кај пријател во еден стан во Њујорк, очиглено нема претерано чувство за реалност бидејќи и покрај финансиската ситуација во која се наоѓа одбила 200 илјади долари.
Компанијата која и ја понудила оваа зделка исто така имала намера да и ги плати трошоците за превоз и сместување, но сега се премислуваат дали воопшто да и го понудат истиот договор со оглед на нејзиното криминално минато и подебелото полициско досие.