Проблематичната актерка на пријателите им ветила дека отсега ќе се држи на страна од пороците кои во животот и задавале само проблеми. Им го ветила тоа бидејќи е одлучна во намерата да остане трезна и да им покаже на сите дека не е пијаница и размазена богаташка која сака да испробува разни дроги.


Излегла од клиниката за одвикнување „Бети Форд“ и наводно сака во потполност да го промени својот стил на живеење. Се нагаѓа и дека ќе престане да се дружи со луѓето кои претходно и беа најдобри пријатели, бидејќи смета дека тие само ја користеле за да се забавуваат и воделе сметка што таа цело време си го уништувала животот. дали ќе се држи до својата одлука ќе покаже времето.