На Линдзи Лохан и наредиле дека мора на рехабилитација да остане до почетокот на наредната година. Актерката нема да се врати во затвор, а во болницата е на надгледување поради зависноста од алкохол и дрога. Судот одлучил дека подобро е да оди на рехабилитација, бидејќи во затвор многу лесно би можела да доживее нервен слом.


На последното тестирање на опијати била позитивна на кокаин, а тестови ќе мора да прави и понатаму. Одлучено било дека може да ја отстрани ракавицата која овозможува контрола на евентуалното земање алкохол и дрога.