Американската актерка Линдзи Лохан позната по проблематичното однесување морала да ја напушти куќата на Беверли Хилс бидејќи не можела да ја плаќа станарината во износ од 8000 долари. За овој случај медиумите дознале случајно откако на некој богаташ му се допаднала куќата во која живеела актерката.
Познато е дека Линдзи Лохан се наоѓа во големи финансиски проблеми. Тоа го признал и нејзиниот татко кој за се ја обвинил нејзината мајка. Благодарение на колегата Чарли Шин го платила данокот во износ од 93 илјади долари за 2009 година. Колку уште должи и како ќе плати не е познато.