Разни извори потврдуваат дека Линдзи Лохан останала без пари. Актерката не можела да собере доволно пари да си ја плати станарината, со која доцнела два месеци. Станодавачот и порачал да го плати долгот или да се исели, па таа дури тогаш успеала да собере 15 илјади долари и да плати.
Моменталано нема никакви приходи и никој не и нуди работа поради нејзините проблеми со дрогата и алкохолот. Пред неколку дена било објавено дека полицијата и нејзините пријатели стравуваат дека доколку продолжи со ваквото темпо на живот наскоро ќе умре.