Биографскиот филм за една од најубавите и најголеми актерки кои Холивуд ги имал во својата историја, Елизбет Тејлор, не добил аплаузи од критичарите. Линдзи Лохан која во приказната ја игра славната актерка, според пишувањето на медиумите и едногласните оцени на критичарите, едноставно не била дорасната за оваа задача.
Критичарите на сите познати списанија и сајтови биле едногласни во коментарите дека Лохан физички била прикладна за улогата, но таа не била драмска актерка и едноставно не можела и не знаела да ја одглуми совршената елеганција на Елизабет Тејлор.