Контраверзната актерка Линдзи Лохан конечно добила пофалби од судијата за своето однесување. По фотографирањето за Плејбој и сите контраверзии околу служењето на условната казна, актерката конечно се нашла на вистинскиот пат. Се појавила на сослушувањето пред судот во Лос Анџелес, каде за прв пат била пофалена од судивката Стефани Саутнер.

На задоволство на Линдзи, судивката и рекла дека овој пат навистина ги завршила своите обврси, и тоа не на време, туку и порано. На крајот и рекла дека сака така и да продолжи. Исто така нагласила и дека во спротивно немало да го одобри нејзиното патување на Хаваите, каде Линдзи сака да оди на роденден кај незјината сестра. Имено, посетите на семејните забави и биле дозволени. Наскоро и официјално би требало да излезе во продажба изданието на Плејбој со актерката, откако на интернет се појавила насловната страница.