Линдзи Лохан, според судот, е на добар пат да стане „нормална личност“. Судијката Стефани Саутнер е позната по тоа што на однесувањето на младата актерка не гледала нималку благонаклонето, но по последниот извештај за однесувањето на Лохан била пријатно изненадена.


Актерката успешно ја одработила општокорисната работа на која била осудена, и ја примала терапијата која и била препишана. Следното сослушување било закажано за 29 март, а Линдзи дотогаш ќе мора да одработи уште 14 дена во градската мртовечница во Лос Анџелес, како и да оди на уште пет тераписки сеанси.