Актерката Линдзи Лохан ја завшри својата општокорисна работа од 240 часа, која судот и ја додели поради несовесно возење и лажење на полицијата. Се чини дека 28-годишната Линдзи конечно ќе стане навистина, а не само условно слободна. Судијата Марк Јанг претходно и пресуди дополнителни 125 часа општокорисна работа, бидејќи не го признал она што нејзиниот тим го броел како веќе извршена работа. Актерката сега ја одработи својата казна еден ден пред истекувањето на зададениот рок.
Со оглед на несогласувањата во претходното броење на одработените часови, Лохан новите 125 часа ги одрработи во Детскиот центар Дафилд во Бруклин во облик на нормални осумчасовни работни денови. Благодарение на својата сериозна преданост на работата во последниве неколку месеци, повеќе нема да биде на условна слобода. Да се надеваме дека така и ќе остане.