Линдзи Лохан во вторникот започна да ја издржува затворската казна од 90 дена поради прекршувањето на условната казна за возење во пијана состојба. Нејзиниот татко и рекол дека ја сака, додека полицајците ја воделе во затворот во Калифорнија. На проблематичната актерка затвореничките и приредиле голем пречек велејќи дека ја сакаат и да не се плаши од нив.


Олеснителна околност е фактот што најверојатно наместо 90 во затвор ќе помине 14 дена. Ова не е прв пат да заврши зад решетки откако во 2007 година поминала во затвор 84 минути поради возење во пијана состојба. Таа нема да ја дели ќелијата, односно ќе биде во самица по 23 часа на ден, за да биде посигурна.