Откако во Плејбој објавила серија разголени фотографии, инспирирани од Мерлин Монро, Линдзи Лохан би можела на големото платно да го толкува ликот на уште една холивудска икона, Елизабет Тејлор. Младата актерка, чие име последниве години повеќе се споменува во контекст на скандали отколку на филмови, преговарала за улогата на Елизабет Тејлор.
Според холивудските медиуми, екранизираната биографија за филмската дива била во припрема уште од мај, два месеци по нејзината смрт. Овој проект би бил одлична можност за Линдзи Лохан да ја обнови својата кариера, која ја запоставила поради проблемите со законот. Во центарот на приказната за Тејлор ќе биде нејзината страсна љубов со Ричард Бартон, за кого таа два пати се омажила.