Познатата проблематична актерка Линдзи Лохан одлучила да стане вистинска домаќинка за празниците. На Инстаграм објавила фотографии ка кои се гледа нејзиното вкусно празнично јадење по рецепт на Карли Хол која гостувала во емисијата „The Chew“. Се чини дека била задоволна со својата кулинарска уметност бидејќи покрај фотографијата ги ставила следниве ознаки: #werk #cook #own #yummy! #thechew thanks for your amazing recipe!!!!! Се чини дека животот во Њујорк и годи на Линдзи бидејќи никогаш не изгледала посреќно и поздраво. Пред неколку месеци излегла од центарот за рехабилитација и како што изгледа не планира да се врати таму.
Да потсетиме, пред саме една година младата актерка била уапсена бидејќи удрила жена по име Тифани Ив Мичел во клубот „Meatpacking district“ на Менхетн. Мичел сакала да ја тужи актерката, но адвокатите ја отфрлиле тужбата бидејќи немало вистински докази. Се надеваме дека приготвената храна била вкусна како што изгледа и дека Линдзи ќе го задржи имиџот на добра девојка и домаќинка.