Актерката Линдзи Лохан која неодамна ја отслужила условната казна, продала полн камион од својата гардероба како би собрала пари. Почнувајќи од 2007 година, актерката повеќе пати била на суд, во затвор и на рехабилитација, и неколку пати била апсена поради возење во пијана состојба и поради поседување кокаин.
Нејзин близок извор рекол дека немала никакви приходи а сметките се собирале. Била очајна и и требале пари, па продала цел камион со брендирана гардероба, за кој добила 14 илјади долари.