Судијката Стефани Саутнер пресудила дека Линдзи Лохан ја прекршила својата условна казна со наводна кражба на огрлица, но сепак и прогледала низ прсти и го намалила обвинението од кривично дело на прекршок. Актерката била осудена на 120 дена казна затвор и на 480 часа општокорисна работа.


Веднаш по изрекувањето ма пресудата била приведена, но неколку часа подоцна била пуштена од затворот со кауција од околу 50 илјади долари. Нејзината адвокатка најавила жалба на пресудата, а прелиминарното сослушување пред судењето е на распоред на 11 мај.