Линдзи Лохан мора да се појави на суд во Лос Анџелес бидејќи ги прескокнала предавањата за штетноста на алкохолот на кои ја испратил судијата. Моментално се наоѓа на условна казна од шест месеци и предавањата и се задолжителни.
Иако на суд морала да се појави во четвртокот, нејзиниот адвокат му рекол на судијата дека пасошот и бил одземен во Франција, каде присуствувала на филмскиот фестивал во Кан. Судијата ги предупредил дека доколку не се појави и наредниот пат ќе заврши во затвор.