Актерката Линдзи Лохан, после минати 90 дена, со насмевка на лицето излегла од Центарот за одвикнување од дрога и алкохол “Cliffside” во Клифорнија. Лондзи изгледа среќно и здраво после подолго време. Проблематичната млада актерка нема да се врати во станот во кој претходно живеела, туку ќе се пресели во семејната куќа кај мајката и сестрата.
Нејзината мајка рекла дека е горда на неа. Ќе се вратела во семејната куќа во Њујорк, во која и одраснала. Тамо ќе биде во кругот на семејството, ќе има поддршка да издржи. Додала дека мора да започне нов живот и дека и е потребно многу љубов, која сега може да ја добие само од семејството.