Американската актерка Линдзи Лохан останала без својата страна на Фејсбук, бидејќи администраторите помислиле дека се работи за некој измамник.


„Најпрво се смеев, а потоа се налутив, бидејќи помеѓу сите луѓе кои се на Фејсбук и се преправаат дека сум јас, одлучија дека мојата е лажна“- изјавила актерката.

Линдзи (22) потоа отворила своја страна на конкурентниот сајт Мај Спејс, во очекување Фејсбук повторно да го оспособи нејзиниот профил.