Неколку дена откако ја обвиниле дека на една забава по повод модната седмица во Њујорк со шише гаѓала еден фотограф, Линдзи Лохан станала непожелна во модните кругови. Актерката сакала да влезе на забава на Марк Џејкобс, но обезбедувањето на влезот не и дозволило. Интервенирале и нејзините пријатели кои во неколку наврати се обиделе да ги наговорат луѓето од обезбедувањето да ја пуштат, но без успех.
Линдзи Лохан била упорна и го повикала сопственикот на хотелот кој бил нејзин пријател и го замолила да и помогне да влезе. Тој успеал во тоа и таа останала на забавата неколку моменти додека тој не заминал. Иако сакала да продолжи да се забавува, момците од обезбедувањето ја отстраниле од просторијата.