Холивудската актерка Линдзи Лохан имала сообраќајна несреќа на автопат во Калифорнија. Иако нејзиното Порше било уништено по ударот во камион, актерката минала без посериозни повреди. Со неа во автомобилот се наоѓало неидентификувано машко лице, соопштила полицијата, а тие двајца патувале на снимањето на нејзиниот најнов филм “Liz & Dick”.

По несреќата обајцата биле превезени во болница, но набрзо биле пуштени бидејќи немале посериозни повреди. Ниту Лохан ниту возачот на камионот не биле под дејство на дрога или алкохол, пренеле медиумите.