Холивудската актерка Линдиз Лохан, добро позната по бројните скандали кои безброј пати ги краселе насловните на таблоидите, хоспитализирана е во болница во Лондон. Како што јавуаат медиумите, Линдзи е заразена со вирус кој го пренесуваат комарци и кој го „закачила“ додека престојувала во Француска Полинезија за време на божиќните празници.
Линдзи почнала да се жали на болки и замор нешто пред Нова година, но откако се вратила во Лондон, симптомите станале толку силни што акерката повеќе не можела да стои на нозе. Лохан моментално се лекува во болницата Крал Едвард Седми, која често ја прима и Кралицата, а лекарите велат дека симптомите предизвикани од вирусот можат да траат со месеци.