Актерката Линдзи Лохан, која моментално се наоѓа на условна слобода, решила да се почести со нова тетоважа. На левата дланка истетовирала интересен напис кој гласел „Живеј без каење“. Овој пат новата година ја дочекала релативно мирно, па како и секој пат кога и е тешко, актерката се истетовирала.
Овој пат решила покрај малото срце на раката да ги истетовира зборовите “Live without regrets”. Актерката рекла дека се надева како без компликации ќе ја одработи својата друштвено корисна работа до крајот на март, кога би требало да се заврши нејзината казна.