Проблематичната ѕвезда Линдзи Лохан одлучи повторно да почне да работи и да сними нов филм. Актерката на својот Инстаграм профил се пофали дека го мина првиот ден на сетот на филмот „The Shadow Within“. Возбудена поради работата на обожавателите им напиша дека до крајот на оваа седмица ќе им покаже како изгледа нејзиниот лик.
Во последниве неколку години Линдзи страниците на списанијата повеќе ги полнеше со скандали отколку со успеси, и повеќе време мина во судница, затвор и на одвикнување отколку на снимање. Последниот филм го сними во 2013 година. Пред неколку месеци заврши со извршувањето на општокорисната работа на која беше осудена во 2012 година поради невнимателно возење.