Линдзи Лохан не престанува да влегува од една неволја во друга, а сега и се заканува тужба за неплатен долг кон една компанија која изнајмува луксузни лимузини. Имено, актерката во последно време често се возела со нивните лимузини, но заборавила за сето тоа уредно да плати, па нејзиниот долг достигнал сума од 100 илјади долари.


Доколку наскоро не го плати својот долг, Линдзи Лохан повторно ќе се најде на суд, каде неодамна била казнета со 400 часа општокорисна работа поради кражба на една огрлица.