Проблематичната актерка Линдзи Лохан ќе добие свое реално шоу, и тоа ни помалку ни повеќе, туку на телевизијата на Опра Винфри. Линдзи Лохан би требало да ја напушти рехабилитацијата на 31 август, па веднаш по излегувањето ќе даде ексклузивно интервју за познатата водителка Опра.
Водителката одлучила да и даде уште една шанса на актерката чија кариера е во надолна линија, па таа од 2014 година ќе има свое риалити, кое ќе го следи нејзиниот живот после лекувањето. Линдзи исто така ќе покаже колку се променила, и дали ќе може да го издржи здравиот начин на живот.