Актерката Линдзи Лохан, која дехидрирала поради исцрпеност, се чувствувала добро откако реагирала брзата помош, соопштил нејзиниот портпарол. Во соопштението на нејзиниот портпарол било речено дека продуцентите се загрижиле кога таа не излегла од собата и повикале брза помош. Линдзи сега била добро, но патела од исцрпеност и дехидрирала. Тој во соопштението додал дека актерката не била одведена во болница и дека тие наводи во медиумите биле погрешни.

Во соопштението било наведено дека актерката имала напорен распоред во изминативе денови, и дека пред да дехидрира снимала цели 13 часа. Претходно некои медиуми известиле дека Линдзи Лохан била пронајдена во несвест и дека била пренесена во болница. Моментално го снима филмот “Liz and Dick” за љубовната приказна помеѓу Елизабет Тејлор и Ричард Бартон.