Доколу судивката Стефани Саутнер во среда одлучи дека Линдзи Лохан ја прекршила условната казна, актерката би можела да заврши во затвор на 1,5 години. Се ќе зависи од тоа дали Линдзи ќе успее да ги оправда своите девет изостаноци од општокорисната работа во Женскиот центар во Лос Анџелес. Освен тоа ќе мора да објасни и зошто кога одела да работи, останувала помалку од четири часа, колку што судот и понудил како минимум.


Освен наведените прашања, судот ќе се интересира и зошто Лохан секој понеделник не минувала по еден час со психијатар, иако тоа и било наложено во условната казна. Линдзи, пак, тврди дека одработила поголем број часови со психијатар, но преку телефон.