Актерката Линдзи Лохан одлучила дека ќе и даде ексклузивно интервју на Опра Винфри за времето кое го минала на рехабилитација, но само доколку водителката и плати два милиони долари. Се ближи нејзиното излегување од установата, па на големо се зборувало за нејзиното интервју со најпопуларната водителка, меѓутоа дошло до промена на плановите.

Во првиот договор Опра и ветила нејзино реално шоу, но актерката не се задоволила само со тоа. Имено, сега таа побарала два милиони долари за ексклузивното интервју. Сеуште не се знае дали Опра ќе го прифати овој услов, како и дека навистина толку ја интересира животот на актерката како би платила два милиони.