Оваа лимузина има речиси 43 метри квадратни простор разместен на 22 тркала. Целосно била црна и нудела невиден луксуз. Името и е ‘Midnight Rider’, и е најтешката и најлуксузна лимузина на светот. Полноќниот Јавач бил долг 21,3 метри, висок 4,3 метри и бил влечен од камион чиј мотор имал 440 коњски сили. Внатрешноста потсеќала на луксузен ноќен клуб и содржела голем бар, сепаре за посматрање и маси во задниот дел.

Максималниот капацитет бил 40 лица, што е доволно за било каков вид забава. Оваа лимузина оваа година влегла и во Гинисовата книга на рекорди, како најтешка лимузина на светот. Возилото било во сопственост на една калифорниска компанија, а дозвола за работа имала на целата територија на САД. Изградбата траела полни седум години.