Да се грижиме за природата е тема на јавната трибина што во организација на Македонското Лимнолошко друштво ќе се одржи денеска во Охрид.

На трибината централно место ќе заземе дискусијата за обновување на  старите живеалишта на  жолтиот локвањ. По тој повод ќе се одржи видео презентација, а свое видување ќе изнесе координаторот на проектот д-р Марина Талеска.


информативната табла кај „Мазија“

Исто така во локалитетот „Мазија“ ќе биде промовирана информативната табла поставена неодамна, на која минувачите и заинтересираните ќе можат да се информираат за жолтиот локвањ. Неодамна со проект на Лимнолошкото друштво вреден околу 5000 евра во локалитетот „Мазија“ беше обновено живеалиштето на жолтиот локвањ.

ohridnews