Учениците во едно средно училиште во романската област Трансилванија затекнале десетина лилјаци во училницата во која била закажана писмената работа. Учениците во училиштето „Чики Гергељ“ во Арада ги здогледале лилјаците како летаат низ училницата, а некои до тие животни спиеле по подот со раширени крила.
Директорката на училиштето Мирела Алдеску за романските медиуми изјавила дека најверојатно лилјаците влетале ноќта низ отворените прозорци. Според нејзините зборови, учениците имале писмена работа во соседната училница како не би ги вознемириле лилјаците.