Американската манекенка Лили Олдриџ, еден од ангелите на Викторија Сикрет, ја краси насловната страница на априлскиот број на списанието Максим и тоа топлес. Без оглед на тоа што на насловната носи само танга, нејзиниот договор прецизно дефинира колку ќе се прикаже од нејзиното разголено тело.
Таа во интервјуто за списанието вели дека е многу внимателна во врска со соблекувањето. Не мисли дека секој треба да види се. Не сака кога ја нарекуваат секс симбол. Не размислува за себе како предмет на посакување. Заклучила дека најважно нешто во животот и е семејството. Лили четири години е во брак со Калеб Фоловил, пејачот на групата „Кингс оф лајон“, со кој ја има ќеркичката Дикси Перл.