Пејачката Лили Ален конечно стана мајка. Иако нејзиниот портпарол не сакал ништо да потврди, судејќи по Твитер профилот на нејзиното поранешно момче, јасно е дека пејачката и нејзиниот сопруг Сем Купер станале родители. Тој напишал: “Ја испраќам својата љубов на Лили, Сем и мини Купер“.
Исто така и близок пријател на парот кажал дека пораѓајот поминал во најдобар ред. И се исполна најголемата желба, по два трауматични спонтани абортуси. Таа и нејзиниот сопруг Сем Купер добија девојче, а името на приновата засега не е објавено.