Британската пејачка Лили Роуз Купер, попозната како Лили Ален најавила дека наскоро се враќа на сцената и дека својот трет студиски албум најверојатно ќе го издаде во март 2014 година. Таа за медиумите изјавила дека уживала спремајќи го новиот албум и дека се надева како ќе биде спремен до март.
Додала дека албумот ќе биде поинаков од се она што работела досега. Пејачката зад себе има два албуми, “Alright, Still” и “It’s Not Me, It’s You”. Настапувала на многу фестивали, а во 2007 година дизајнирала своја линија фустани и чевли под името “Lily Loves”.