Три години откако објавила дека се повлекува од светот на музиката, британската пејачка Лили Ален планира враќање на музичката сцена, објавувајќи дека снима нов материјал за својот трет студиски албум. Пејачката, која продала осум милиони плочи, се состанала со продуцентот Грег Курстин. Та изјавила дека одушевена со тоа што ќе компонира музика за мјузиклот „Дневникот на Бриџит Џонс“. Пејачката била разочарана со музичката индустрија и ја обвинувала пиратеријата што не им дозволувала на младите уметници да заработат за живот, па ја напуштила музиката.

Таа започнала да се занимава со мода и отворила продавница за гардероба со својата полусестра Сара Овен. Минатиот јуни се омажила со сопственикот на градежна фирма Сем Купер и во ноември го родила нивниот прв син. Лили Ален својот дебитантски албум „Alright, Still“ го објавила во 2006 година, а вториот „It’s not me, It’s you“ го објавила во 2009 година.