Пред да стане мајка, британската пејачка имала два спонтани абортуси, но успеала да се опорави. Докторите велат дека сегашната бременост се развива одлично.

Лили Ален (27) и нејзиниот сопруг Сем Купер (34) го чекаат второто дете. Лили е во четвртиот месец од бременоста, а досега ја имаат ќеркичката Етел Меј која е родена минатата година.

-Лили почна да зборува за среќната вест со своите пријатели, и сите се многу возбудени за неа – вели извор близок на парот.

Иако второто дете не го планирале толку брзо, тие  се пресреќни поради приновата.

-Уживаат во секој момент од родителството и планираа проширување на семејството – открива изворот.