Пејачката Лили Ален и нејзиниот сопруг Сем Купер, моментално се наоѓаат во Париз, каде уживаат во својот меден месец и не се грижат за трошоците. Тие се венчале пред неполни две седмици по повеќегодишна врска. Вљубениот пар одлучил на своето свадбено патување да не се грижат за парите, па се определиле за хотел во кој едно ноќевање чини 1400 фунти. Во собата ги дочекала музика и бар со разни видови пијалоци, а по посетата на локалните музеи, Лили се почестила со шопинг во „Шанел“.
Другиот дел од медениот месец бил резервиран за посета на најпознатиот британски музички фестивал Гластонбери, во истоимениот град. Директорот на фестивалот, Мајкл Ивис, изјавил дека лично ќе се погрижи за познатата пејачка, со оглед на тоа дека е во третиот месец од бременоста, а веќе претрпела два спонтани абортуси.