Популарната пејачка Лили Ален, која неодамна се верила за Сем Купер, одлучила да се венча во Англија, на 11 јуни, на интимна церемонија на која ќе присуствуваат само најблиските. Англиската пејачка се верила со седум години постариот бизнисмен Сем Купер на Божик минатата година, а во врска се од јули 2009 година.


Свечената церемонија ќе се одржи во нејзината семејна куќа во централна Англија, а Лили одлучила на венчавката да присуствуваат само пријателите и најблиските членови на семејството. Лили и Сем се вериле за време на одморот во Бали, неколку седмици по абортирањето на Лили, кога го изгубила бебето во шестиот месец од бременоста.