Утре од 12.00 часот во големата сала на Општина Охрид гостува Лилјана Стоилковска со перформансот на монодрамата „Љуба“ од позната македонска писателка Ката Мисиркова – Руменова.
Лилјана Стоилковска, познатата поранешна спикерка од МРТВ, актерка, пејач и писателка, член на Друштво на писатели на Македонија, вели дека со премиерата на монодрамата во Скопје, а сега и со изведбите низ цела држава го исполнува аманетот од авторката Мисиркова – Руменова.
Сценариото и режијата се на Стоилковска, а реч за писателката ќе одржи д-р Васил Тоциновски.
Настанот заеднички го организираат НУ Библиотека „Григор Прличев“ и Општина Охрид.
Влезот е бесплатен за сите.
OhridNews