Тајландските сили за безбедност го застрелаа војникот, кој уби 26 лица, а рани најмалку 52 други низ улиците и во трговски центар во град на истокот од земјата.
Како што беше соопштено од тајландскиот министер за безбедност, војникот бил пронајден по повеќечасовна потрага низ испразнетиот трговски центар. Мотивот за овој масакр бил склучен договор за купопродажба на земјиште при што тој се почувствувал како изигран.
Припадниците на воените сили, го убија напаѓачот, по ноќната опсада на трговскиот центар „Терминал 21“ во град околу 250 километри оддалечен од тајландската престолнина Бангкок.
Полицијата го идентификува напаѓачот како 32-годишниот Џакрапант Тома. Работел во воена база во близина на градот.